Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2016

Прекинот поради дождот повеќе ѝ годеше на Рома

Фудбалерите на Рома ја победија Сампдорија со 3-2 во натпреварот од третото коло на италијанската Серија А.

Натпреварот по првото полувреме беше прекинат поради обилните врнежи кои го зафатија Рим, теренот беше поплавен со вода, па условите не дозволуваат натпреварот да продолжи.
Паузата траеше само еден час, по што беше одиграно и второто полувреме. Малку порано беше прекинат и натпреварот меѓу Џенова и Фиорентина, но тој не беше продолжен.
Сампдорија пропушти добра шанса да ја продолжи победничката низа и да го постигне третиот триумф, но Рома ја оствари втората победа во сезоната и сега има седум бодови.
Рома прва поведе со голот на Салах во осмата минута. До крајот на полувремето гостите успеаја да направат пресврт на резултатот, прво во 18-тата минута прецизен беше Муриел, а четири минути пред крајот погодок постигна Квалјарела.
Прекинот поради дождот траеше околу еден час, а очигледно тој повеќе им годеше на фудбалерите на „волчицата“, коишто го израмнија резултатот во 61-вата минута, кога на асистенција на Тоти, погодок постигна Џеко. Конечниот резултат го постави Тоти во продолжението на натпреварот од белата точка.

Најнови вести