Корисничко име Лозинка Пријави се
11.7.2017

Колумбиецот ќе го предводи нападот на Севилја

Луис Муриел, досегашниот напаѓач на Сампдорија, кариерата ќе ја продолжи во Севилја, со која потпиша петгодишен договор.

Трансферот на колумбискиот напаѓач е вреден околу 20 милиони евра, не сметајќи ги бонусите.
Со неговото доведување клубот од Андалузија продолжува да се потпира на напаѓачи од Јужна Америка, бидејќи тие досега се покажале како полн погодок, како што се Карлсо Бака и Луис Фабијано.
Муриел, кој во минатата сезона за Сампдорија на 33 натпревари постигна 13 голови и имаше девет асистенции, е трето засилување на Севилја ова лето. Пред него во клубот дојдоа повратникот Евер Банега и Гвидо Пизаро.

Најнови вести