Корисничко име Лозинка Пријави се
27.10.2016

Кјелини: Испративме порака

Џорџо Кјелини, стоперот на Јувентус, изјави дека неговиот тим со победата над Сампдорија од 4-1 заборавил на поразот од Милан со 0-1.

„Сакавме да испратиме порака, клучот беше тој пораз да го оставиме зад себе и да почнеме од почеток. Целта ни е да продолжиме да се развиваме, да стануваме подобри и да победуваме“, изјави Кјелини.
„Само будала може да помисли дека првенството е завршено само по десет кола. Со ништо не се задоволуваме, одиме напред како поединци и како група, а тоа и сега го докажавме“, додаде фудбалерот на Јувентус.
Во следното коло „старата дама“ ќе игра со Наполи во сабота.
„Таа средба ќе биде важна, но мораме да бидеме со ладни глави кој и да е ривал, како што и секогаш правевме. Одлучни сме и со желба за победа“, изјави Кјелини.
Екипата на Масимилијано Алегри моментно е прва на табелата со 24 бода, два повеќе од Сампдорија.

Најнови вести