Корисничко име Лозинка Пријави се
14.4.2012

Нема фудбал во Италија викендов по смртта на Пјермарио Моросини

Италијанската фудбалска федерација ги одложи сите натпревари кои требаше да се играат викендов откако дваесет и петгодишниот Пјермарио Моросини, фудбалер на второлигашот Ливорно, колабираше на теренот и почина на пат кон болница.

Фудбалерот од средниот ред на Ливорно паднал на тревата во 31 минута од мечот против Пескара, а на пат кон болница починал од срцев удар.
Фудбалската федерација на Италија потврди дека натпреварите од италијанските лиги се одложени поради ден на жалост за трагичната смрт на фудбалерот кој бил прогласен за мртов при доаѓањето во болница.
Моросини во Ливорно настапуваше како позајмен фудбалер од прволигашот Удинезе, кој вечерва требаше да игра против Интер.
Терминот за ова одложено коло во Серија А ќе се одреди дополнително.

Најнови вести