Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Роналдо сфати зошто Серија А е потешка од Ла Лига

Италијанските медиуми се фалат со нивното првенство

Италијанските медиуми решија да ја анализираат играта на Кристијано Роналдо, по дебито на Португалецот на мечот против Киево. Роналдо ги одигра сите 90 минути, но не даде гол во победата од 3:2. 
Јувентус имаше предност од 1:0, потоа Киево поведе со 2:1, а во завршницата „старата дама“ со два гола направи целосен пресврт и ги освои планираните три бода. 
„Тврдо добродојде за најдобриот играч во светот“, пишува „Ил Месаџеро“, а дел од италијанските медиуми забележале дека Роналдо на моменти бил и фрустриран од промашувањата.
„Беше мотивиран и беше еден од најдобрите во моментите кога се решаваше победникот“, истакнува „Кориере дело Спорт“. 
„Сфати зошто е многу потешко да се игра во Серија А, отколку во Шпанија“, е заклучокот на реномираниот „Газета дело Спорт“, потенцирајќи дека во Италија се игра најцврсто во одбраната.
„Играше добро, но му треба време да се прилагоди“, е анализата на весникот „Ла Република“.  
Колку за потсетување, Роналдо во претходните девет сезони играше за Реал Мадрид, каде прерасна во еден од најдобрите играчи на сите времиња. Во дресот на Реал даде повеќе погодоци, отколку што одигра мечеви.


Најнови вести