Корисничко име Лозинка Пријави се
09.11.2011

Балардини веднаш го презема Калјари

Италијанскиот прволигаш Калјари соопшти дека за нов тренер го именува Давиде Балардини, кој на тоа место ќе го замени Масимо Фикаденти.

Фикаденти вчера доби отказ по серијата лоши резултати во првенството, во кое екипата од Сардинија го зазема десеттото место на табелата.
Балардини веќе го има тренирано Калјари во два наврати, од септември до ноември 2005 година и од октомври 2007 до октомври 2008 година.
Тој е трет шеф на стручниот штаб на Калјари оваа сезона, во која екипата влезе со Роберто Донадони на клупата.
Покрај Калјари, Балардини во кариерата уште беше тренер и на Џенова, Лацио, Палермо и Пескара.

Најнови вести