Корисничко име Лозинка Пријави се
16.2.2016

Верати останува во Париз до 2020 година

Фудбалерот од средината на теренот на ПСЖ Марко Верати го продолжи договорот до 2020 година, објави шампионот на Франција.

Верати одлучи да остане уште година дена од постојниот договор под значително подобрени финансиски услови и така ги отфрли понудите на многубројните заинтересирани тимови.
„Среќен сум што го продолжив договорот. Му се заблагодарувам на клубот за довербата што ја имам од моментот кога дојдов. Го сакам Париз и овој клуб, ќе продолжам да давам сè од себе за да бидеме успешни и да станеме прваци на Европа“, изјави Верати за интернет страницата на клубот.
Италијанскиот играч за врска од Пескара во ПСЖ дојде во 2012 година и стана еден од клучните играчи на „светците“. За репрезентацијата на Италија одигра 15 натпревари и постигна еден гол.

Најнови вести