Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2012

Рома потврди дека нема да го продаде Де Роси

Челниците на италијанскиот прволигаш Рома потврдија дека немаат намера во зимскиот преоден рок да ја продадат клупската ѕвезда, играчот за врска Даниеле Де Роси.

Многу европски клубови со години го посакуваат Де Роси, а шпекулациите дека во јануари следната година ќе го напушти „Олимпико“ се засилија поради фактот дека 29-годишниот фудбалер оваа сезона нема постојано место во ударната екипа на Зденек Земан. Но од клубот потврдија дека нема да го продадат италијанскиот фудбалски репрезентативец.
„Немаме никаква намера да го продадеме Де Роси. Не сме во контакт со ниеден клуб, ниту сме добиле каква било понуда. Тоа се само шпекулации“, рече на конференцијата за новинарите Џејмс Палота, претседателот на Рома.
Де Роси е роден во Рим и, исто како и капитенот Франческо Тоти, во текот на целата кариера е член на Рома.

Најнови вести