Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2016

Конте е ослободен од обвинувањата за местење натпревари

Селекторот на Италија Антонио Конте е ослободен од обвинувањата дека учествувал во местењето на натпреварите во Серија Б во времето кога беше тренер на Сиена.

Тужителот во април предложи шестмесечна суспензија и казна од 8.000 евра за идниот менаџер на Челзи Антонио Конте, но судот во Кремона ги отфрли обвинувањата.
Конте се обвинува дека не пријавил обид да се намести натпреварот меѓу Сиена и Албинолефе во Серија Б во 2011 година, а под лупа беше и дуелот со Новара.
Тој претходно од истите причини одлежа четиримесечна суспензија од ФС на Италија во текот на 2012 година, додека беше на клупата на Јувентус.
Конте ќе може без препреки да се фокусира на Европското првенство во Франција, а потоа ќе го преземе Челзи.

Најнови вести