Корисничко име Лозинка Пријави се
07.5.2013

Фиорентина кај Сиена без Аквилани

Фиорентина на утрешниот натпревар од 36-тото коло на првата италијанска фудбалска лига против Сиена во составот нема да го има Алберто Аквилани.

Играчот за врска на тосканската екипа го повреди коленото во дербито против Рома минатата сабота, а дополнителните испитувања потврдија дека станува збор за мало истегнување на предните лигаменти.
Иако засега не е познат датумот за негово враќање на теренот, се верува дека 28-годишниот Аквилани ќе биде надвор од погон околу една седмица. Фиорентина го изгуби споменатиот натпревар против Рома во продолжението, кога по корнерот со глава гол постигна Освалдо.
На три кола пред крајот на првенството Фиорентина се наоѓа на четвртото место и со Милан се бори за последното место кое догодина води во Лигата на шампионите, но по последниот пораз, заостанува дури со четири бодови. Сиена,пак, само чудо може да ја спаси од испаѓање во понизок ранг на натпреварување.

Најнови вести