Корисничко име Лозинка Пријави се
14.1.2013

Калајо од Сиена во Наполи

Италијанскиот 31-годишен напаѓач Емануеле Калајо и официјално го комплетира трансферот од Сиена во Наполи, потврдија од двата италијански фудбалски прволигаши.

Калајо со тоа стана второ засилување на Наполи во период од неколку денови по колумбискиот бек Пабло Армеро. На релација на двата клуба договорена е соработка до крајот на сезоната, кога, се верува, ќе биде потпишан траен договор.
Наполи во борбата за доведување на некогашниот младински италијански фудбалски репрезентативец ги победи Торино и Палермо.
Калајо веќе ги бранеше боите на Наполи меѓу 2004 и 2008 година, кога постигна 44 голови во 128 настапи. Во редовите на клубот од Наполи ќе има улога да му помага на најдобриот стрелец на Серија А, Единсон Кавани.

Најнови вести