Корисничко име Лозинка Пријави се
01.5.2013

Рома две седмици без првиот голман Стекеленбург

Рома две седмици ќе биде без Холанѓанецот Мартен Стекеленбург, својот прв голман кој го повреди бутниот мускул.

Стекеленбург се повреди на тренинг минатата седмица, поради што ја пропушти и лигашката победа против Сиена (4-0) во текот на минатиот викенд. Дополнителните тестови во текот на оваа седмица покажаа оштетување на бутниот мускул, па лекарите препорачаа паузаод две седмици.
Триесет годишниот холандски голман оваа сезона бранеше на деветнаесет првенствени натпревари, а вчерашниот тренинг го пропшти и Даниеле де Роси, стандарден член на редот за врска на Рома, но неговата повреда е од полесна природа.
Рома моментно се наоѓа на петтото место на табелата. До Лигата на шампионите ѝ недостасуваат седум бодови, додека моментно се наоѓа на едно од двете места (четврто и петто) кои водат кон Лигата на Европа идната сезона.
На Рома ѝ следуваат натпреварите против: Фиорентина (гости), Киево (дома), Милан (гости), Наполи (дома).

Најнови вести