Корисничко име Лозинка Пријави се
24.4.2013

Стекелнбург ќе дојде во Фулам

Премиерлигашот Фулам е многу блиску до договор со Рома во врска со трансферот на голманот Мартен Стекеленбург.

Цената на овој трансфер би требало да биде околу пет милиони евра.
Стекеленбург има желба да се пресели во Лондон, бидејќи по заминувањето на тренерот Зденек Земан тој повеќе е на клупата за резервни играчи.
Поранешниот голман на репрезентацијата на Холандија во јануари беше на прагот да потпише за Фулам, но Рома во последен момент го стопира неговиот трансфер.
На Фулам летово ќе му се придружи Фернандо Аморебјета, стоперот на Атлетик Билбао, кој ќе дојде како слободен играч, додека клубот размислува да му понуди нов, едногодишен договор на 41-годишниот Марк Шварцер.
Замена за Холанѓанецот Рома се обидува да пронајде во Бразил. Желба на „волчицата“ се голманите Касио Рамос (Коринтијанс) и Рафаел Кабрал (Сантос).

Најнови вести