Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2018

Затворен стадионот на Рајо Валјекано

Стадионот ќе се реновира за да стане побезбеден за гледачите. Не е исклучено Рајо како домаќин да игра без публика

Стадионот „Валјекас“ во Мадрид, на којшто како домаќин игра клубот Рајо Валјекано, ќе биде затворен до средината на октомври. Раководствата на градот Мадрид, клубот Рајо и шпанската Ла Лига се договорија дека вака е најдобро за да се има време за преземање на потребните мерки за стадионот да стане максимално безбеден.

Сега во тек се градежни дејности за подобрување на условите, а откако стадионот, кој е во сопственост на градот, ќе добие дозвола од техничката инспекција, вратите ќе бидат отворени и публиката ќе може да ги гледа натпреварите.

Покрај регулирањето на влезовите, плановите за евакуација, ќе се поправаат и рефлекторите, седиштата и ќе се подобри хигиената. За реновирањето ќе се потрошат 1,2 милиони евра. 

Проблемот е што Лигата веќе е почната, па Рајо уште најмалку еден и пол месец ќе треба да игра само на гостински терен. На мечот со Севилја, едно дете падна од трибината и за среќа не се повреди, но уште тогаш почна притисокот да се затвори стадионот за да не дојде до поголема несреќа која би имала и трагични последици. 

Опциите се Рајо да игра само како гостин, да игра како домаќин на некој друг стадион во Мадрид или да игра на свој терен, но без публика. Атлетик, Алавес и Еспањол се клубовите кои треба да му гостуваат на Рајо до 15-ти октомври. 

 

Најнови вести