Корисничко име Лозинка Пријави се
27.5.2015

Порто го доведе Буено, клаузула од 40 милиони евра

Фудбалскиот клуб Порто соопшти дека Алберто Буено, неодамнешниот напаѓач на Рајо Валјекано, потпишал петгодишен договор.

Порто во договорот на 27-годишниот фудбалер вметнал излезна клаузула од 40 милиони евра.
„Ова е чекор напред во мојата кариера. Можам уште многу да научам и имам голема желба да бидам успешен во ваков голем клуб. Почестен сум што ќе работам со тренерот Лопетеги“, изјави Буено за официјалната интернет-страница на „змејовите“.
Буено претходните две години играше за Рајо Валјекано, каде што оваа сезона со 17 погодоци беше прв стрелец на екипата.
Тој ја помина младинската школа на Реал Мадрид, а подоцна настапуваше за: Кастилја, Валјадолид и Дерби каунти.
Буено ги помина сите младински селекции на репрезентацијата на Шпанија.

Најнови вести