Корисничко име Лозинка Пријави се
25.12.2012

Мичу ќе дебитира за Шпанија во февруари

Мичу, откровението во оваа сезона на Премиер лигата и напаѓач на Свонси, ќе дебитира за шпанската репрезентација во пријателскиот натпревар против Уругвај во Доха на шести февруари следната година.

Ова за шпанската телевизија го потврди Висенте дел Боске, селекторот на Шпанија. „Покрај Мичу, против Уругвај ќе игра и напаѓачот на Селта, Јаго Аспас“, рече Дел Боске.
Мичу летоска му се приклучи на Свонси од Рајо Валјекано за 3,2 милиони долари и досега постигна најмногу голови во Премиер лигата – 13 во 18 натпревари.
Мичу блескаше и на последниот натпревар против Манчестер јунајтед, кога го постигна изедначувачкиот гол за конечен резултат 1-1.

Најнови вести