Корисничко име Лозинка Пријави се
09.3.2015

Луис Енрике: Сега мора да ја контролираме ситуацијата

Барселона го декласираше Рајо Валјекано во натпреварот од Примера лигата дури со 6-1, а по убедливата победа Луис Енрике, изјави дека е задоволен што Барселона го презема врвот.

„Секоја победа е посебна, како што секој натпревар носи одредени тешкотии. Имавме потреба за победа, а тоа секогаш е стимулативно“, изјави Енрике, чиј тим лидерската позиција ја презеде од најголемиот ривал, Реал Мадрид.
„Клучно е дека сега ја контролираме ситуацијата и се надевам дека ќе можеме да одговориме на предизвиците. Се боревме за ова место, но мораме да бидеме внимателни“, изјави Енрике, чија екипа наскоро ја очекува и Ел Класико.
Енрике додаде дека тандемот Луис-Меси станува главно оружје на тимот во борбата за титулата. Двајцата против Рајо Валјекано постигнаа вкупно пет голови.
„Луис одлично се разбира со Меси и секогаш ни носи дополнителна сила. Тие двајца имаат хемија, и тоа е добро за тимот“, додаде тренерот на Барселона.
„Заслуживме да се вратиме на врвот. Им реков на играчите дека овој ќе биде чуден натпревар и дека нема да има лесни топки“, изјави тренерот на каталонскиот клуб.
„Ел класико“ е закажан на 22-ри март, а пред тоа во Примера лигата Барса ќе игра со Еибар.

Најнови вести