Корисничко име Лозинка Пријави се
14.3.2013

Чави поради полесна повреда го пропушта Рајо Валјекано

Поради ударот што го прими во препоните во текот на средбата против Милан, Чави, 33-годишниот фудбалер на Барселона, ќе го пропушти натпреварот овој викенд, кога неговата екипа игра на домашен терен против Рајо Валјекано.

Станува збор за натпревар од 27-мото коло на домашното првенство, а лекарската служба на Барселона извести дека не станува збор за тешка повреда и дека по пауза од седум дена играчот за врска на Барселона може нормално да ги извршува тренинзите и да се врати во првиот тим.
Против Милан, кога каталонската екипа победи со 4-0 и така го надополни резултатот од 2-0 од првата средба и се избори за четврт-финалето на Лигата на шампионите, Чави го одигра првиот натпревар по паузата поради повреда на бутниот мускул.

Најнови вести