Корисничко име Лозинка Пријави се
24.9.2012

Рајо Валјекано и Реал Мадрид денес во 19.45 часот

Раководството на Шпанската фудбалска лига вчера доцна вечерта објави дека одложениот натпревар од петтото коло на шпанското фудбалско првенство меѓу Рајо Валјекано и Реал Мадрид ќе се одигра денес во 19.45 часот.

Натпреварот вчера беше одложен, а потоа и откажан поради проблеми со расветлувањето на стадионот, па е префрлен за вечерва.
Во соработка со реализаторот на телевизискиот пренос (Канал) договорен е нов термин.
Организаторите, односно домаќините дотогаш ќе настојуваат да ги отстранат настанатите оштетувања, кои им ги припишаа на навивачите кои незадоволни од цените на влезниците за дуелот со Реал Мадрид, ги исекле струјните кабли кои ги снабдувале рефлекторите со електрична енергија.
Од Реал, сакајќи да го осигурат одигрувањето на натпреварот независно од техничките проблеми на стадионот, предложија тој да почне во 17 часот и да се одигра на дневна светлина, но Шпанската фудбалска лига го одби предлогот.

Најнови вести