Корисничко име Лозинка Пријави се
07.2.2012

Мичел нов тренер на Севилја

Шпанскиот прволигаш Севилја за нов шеф на стручниот штаб го именуваше Мичел, поранешен играч на Реал Мадрид, само по неколку часа откако поради лошите резултати беше отпуштен досегашниот тренер Марселино Гарсија.

Четириесет и осумгодишниот Мичел, кој како тренер ги водеше Рајо Валјекано и младинските екипи на Реал и на Хетафе, потпиша договор до крајот на сезоната, а соработката ќе биде продолжена доколку Севилја избори пласман во Лигата на шампионите.
Клубот од Андалузија со 26 бодови моментно го зазема 11-тото место на табелата на шпанската Примера лига, а нема забележано победа уште од почетокот на декември минатата година.
На клупата на Севилја Мичел ќе дебитира на 13-ти февруари, на првенствениот натпревар против Реал Сосиедад.

Најнови вести