Корисничко име Лозинка Пријави се
27.4.2012

Пике доби зелено светло за настап, но Чави се повреди

Жерар Пике, централниот одбранбен фудбалер на Барселона, е пуштен од болницата во која преноќи по тешкиот судир со својот соиграч, голманот Виктор Валдес, на натпреварот против Челзи во Лигата на шампионите.

Лекарите проценија дека Пике е подготвен да се врати на терен, и покрај тоа што воопшто не се сеќава дека играл против „сините“ од Лондон. На теренот мина само осумнаесет минути, а потоа веднаш беше пренесен во болница поради помал потрес на мозокот.

Медиумите од Пиринејскиот Полуостров соопштија дека тажните вести за испаѓањето на неговиот тим од елитното европско натпреварување му ги пренеле неговите родители.

На крајот се воспостави дека повредата не е толку сериозна како што најпрвин се стравуваше, па тој би требало

во недела, во склоп на 35-тото коло од првенството на Шпанија, да го заземе своето место во тимот на Пеп Гвардиола на гостувањето кај Рајо Валјекано.

Од друга страна пак, од медицинскиот тим стигнаа вести, дека играчот за врска Чави, поради обнова на повредата на мускулот на левата нога, нема да биде дел од тимот во наредните две недели.

Најнови вести