Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2013

Мичу го продолжи договорот со Свонси

Дваесет и шестгодишниот шпански напаѓач Мичу потпиша нов четиригодишен договор со Свонси, кој за премиерлигашкиот клуб ќе го врзе до летото 2016 година.

„За мене тоа беше лесна одлука. Овде во Свонси го живеам својот сон и веројатно уживам во фудбалот повеќе од кога било“, рече Мичу, играчот кој Свонси го доведе минатото лето од Рајо Валјекано со оштета само од 2,2 милиони фунти.
Претходниот договор Мичу го врзуваше до 2015 година, а со потпишувањето на новиот стави крај на медиумските шпекулации за потенцијално заминување.
„Навистина сум среќен овде во градот со луѓето, клубот и навивачите. Мислам дека и клубот е среќен со мене бидејќи ми понуди нов договор. Читав и слушав за шпекулациите, но тоа не ме интересира и затоа потпишав нов договор“, додаде моментно четвртиот најдобар премиерлигашки стрелец со 13 голови, кого менаџерот Михаел Лаудруп понекогаш го користи и на позицијата офанзивен играч за врска.

Најнови вести