Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2012

Алексис Санчес под знак прашалник за Малага

Алексис Санчес, чилеанскиот напаѓач на Барселона, е под знак прашалник за денешниот првенствен натпревар против Малага.

Во прашање е заостанатиот натпревар од 20-тото коло на Примера лигата, во кој Барселона ќе биде домаќин на стадионот „Камп ноу“. Санчес во неделната гостинска средба и победа кај Рајо Валјекано (7-0) играше до 80-тата минута. На мечот се здоби со повреда на бутниот мускул, поради што сè до почетокот на натпреварот ќе биде во прашање дали ќе заигра против Малага.
Чилеанецот, кој во Барселона дојде од Удинезе, во 25 првенствени настапи постигна 11 голови. На три кола пред крајот на првенството неговата екипа заостанува со седум бодови зад лидерот Реал Мадрид .

Најнови вести