Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2012

Реал без Бензема две до три седмици

Карим Бензема, францускиот напаѓач на Реал Мадрид, ќе отсуствува од фудбалскиот терен поради повреда на адукторот следните две до три седмици, пишува шпанскиот дневник „Ас“.

Бензема се повреди само по 16 минути игра во првиот дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите на гости кај ЦСКА Москва.
Иако тежината на повредата сè уште ја немаат потврдено од „кралскиот клуб“, „Ас“ наведува дека станува збор за истегнување на мускулот, поради што францускиот напаѓач нема да може да настапи на лигашките средби против Рајо Валјекано, Еспањол и Бетис, на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против ЦСКА Москва, како и на пријателскиот дуел меѓу репрезентациите на Франција и Германија.
Поранешниот напаѓач на Лион оваа сезона постигна 21 гол во сите натпреварувања, од кои 13 во Примера лигата.

Најнови вести