Корисничко име Лозинка Пријави се
03.5.2012

Лео Меси најдобар голегетер во една сезона со 68 гола

Аргентинецот го сруши рекордот на Герд Милер од 67 гола во една натпреварувачка сезона стар 39 години.

Барселона по седумте голови на Рајо Валјекано, четири ѝ даде на Малага, а освојувањето на трите бодови остана во сенка на новиот рекорд на Лео Меси. Аргентинскиот волшебник постигна три голови, од кои два од пенал, со што дојде до 68 голови во сезона во сите натпреварувања,
Досегашниот рекорд го држеше Германецот Герд Милер, кој во сезоната 1972/73 постигна 67 голови. Меси во Примера лигата оваа сезона постигна 46 погодоци на 35 натпревари, додека Кристијано Роналдо има 44 (на 35 меча). Меси до крајот на сезоната има уште две средби во шпанската Примера лига (Еспањол и Бетис) и финалето на Кралскиот куп против Атлетик Билбао.
Дваесет и четиригодишниот аргентински напаѓач постигна 46 гола во Примера дивизион, 14 во Лигата на шампионите, три во шпанскиот Супер куп, два во Купот на Шпанија, два на Светското клупско првенство и еден гол во европскиот Супер куп.

Најнови вести