Корисничко име Лозинка Пријави се
18.3.2013

Адријано ќе паузира четири до шест седмици

Барселона следните четири до шест седмици ќе игра без бразилскиот одбранбен играч Адријано Кореја поради повреда на бутниот мускул на десната нога здобиена во синоќешниот натпревар од 28-то коло на шпанското фудбалско првенство против Рајо Валјекано.

Адријано споменатата средба мораше да ја напушти веќе во 23-тата минута, а го замени Дани Алвес.
Првите испитувања покажаа делумно напукнување на задниот дел на бутниот мускул, што значи дека Адријано дефинитивно ќе го пропушти четврт-финалниот натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ, исто како и Карлес Пујол.
Капитенот на Барселона поради операција на коленото од теренот ќе отсуствува седум седмици.

Најнови вести