Корисничко име Лозинка Пријави се
11.7.2013

Рајо Валјекано нема да игра во Лигата на Европа

Шпанскиот прволигаш Рајо Валјекано дефинитивно нема да игра во Лигата на Европа следната сезона откако го загуби спорот пред Меѓународниот суд за арбитража во спортот во Лозана.

Судот соопшти дека го одбил барањето на мадридскиот клуб за привремена пресуда за да му се допушти следната седмица да игра во третото коло од квалификациите за Лигата на Европа.
Шпанската фудбалска федерација го казни Рајо Валјекано поради неплатени долгови со тоа што не му даде лиценца за учество во натпреварувањата во организација на УЕФА.
Рајо Валјекано минатата сезона ја заврши на осмо место, па сега деветопласираната Севилја ќе настапува во Лигата на Европа.

Најнови вести