Корисничко име Лозинка Пријави се
08.4.2015

Бејл неизвесен против Рајо Валјекано

Герет Бејл, фудбалерот на Реал Мадрид, има проблем со повреда на стапалото и би можело да го пропушти денешниот натпревар против Рајо Валјекано, изјави тренерот Карло Анчелоти.

Доколку се потврди отсуството на велшкиот фудбалер, Анчелоти ќе мора да се одлучи меѓу Џејмс Родригес и Иско, кој би требало да им се придружи на Тони Крос и Лука Модриќ на средината на теренот.
По два месеци, Родригес на теренот се врати минатиот викенд во триумфот над Гранада со 9-1, додека Иско се враќа по одработената суспензија, што значи дека Анчелоти може да смета на двајцата.
„Имаме проблем со Бејл, кој претрпе удар во левото стапало. И Џејмс и Иско може да играат, а веќе неколку пати беа заедно на теренот. Ова, сепак, не е дебата за Иско или Џејмс, туку за тимот кој е во добра форма. Тешко е да се направи избор од играчи со таков квалитет, бидејќи тие се комплетни фудбалери коишто може да играат во различни ситуации на теренот. Имам среќа да имам двајца на располагање, така што ова е добар проблем“, изјави Анчелоти.
Реал вечерва од 22 часот гостува кај Рајо Валјекано, а дуелот го дочекува на второто место на табелата на Примера лигата, со четири бодови помалку од водечката Барселона, која ја дочекува Алмерија.

Најнови вести