Корисничко име Лозинка Пријави се
29.2.2012

Пепе и Меси суспендирани

Лионел Меси и Пепе ќе ги пропуштат натпреварите за своите екипи во наредното дваесет и шесто коло од Примера лигата откако и двајцата минатото коло го заработија својот петти жолт картон.

Меси својот картон го заработи на гостувањето кај Атлетико Мадрид, каде што со прекрасниот гол од слободен удар му донесе победа на својот тим, додека Пепе го заработи на мечот со Рајо Валјекано.
Интересно е што Меси заработи пет жолти картони притоа не правејќи ниту еден груб прекршок, за разлика од Пепе, чиишто жолти картони беа последица на агресивни стартови.
„Сите сакаа Меси малку да одмори, па еве ќе има шанса тоа да го стори наредната недела“, иронично изјави Пеп Гвардиола.
Барселона наредната недела игра дома против Спортинг Хихон, додека Реал Мадрид го пречекува Еспањол.

Најнови вести