Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2012

Пако Хемес нов тренер на Рајо Валјекано

Шпанскиот прволигаш Рајо Валјекано го именуваше Пако Хемес, некогашниот член на „црвената фурија“, за свој нов тренер.

Најмалиот мадридски клуб му се заблагодари на соработката на досегашниот тренер Рамон Сандовал кој минатата година го врати клубот во Примера, а потоа и ги задржа со пласманот на 15 место во неодамна завршената сезона. На негово место доаѓа Франсиско Пако Хемес кој во досегашната тренерска кариера ги водеше Кордоба, Картагена и Лас палмас.
Како фудбалер, Хемес една сезона има играно во Рајо Валјекано, а играл и за Кордоба, Мурсија, Ла Коруња и Сарагоса. За шпанската репрезентација поранешниот одбранбен фудбалер има 21 настап, а играше за „фуријата“ на Европското првенство во 2000 година.

Најнови вести