Корисничко име Лозинка Пријави се
08.4.2015

Анчелоти: Сè зависи од Барселона

Карло Анчелоти, тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, денес изјави дека неговата екипа знае што треба да направи до крајот на сезоната, но дека во борбата за титулата во Примера лигата сè е во рацете на Барселона.

„Не сум сигурен дека ќе станеме шампиони ако победиме во сите натпревари до крајот. Знам што треба да направиме, но во овој момент сè е во рацете на Барселона“, изјави Анчелоти за шпанските медиуми.
Реал Мадрид минатиот викенд ја победи Гранада со неверојатни 9-1, но екипата на Карло Анчелоти и понатаму е втора на табелата. Кралскиот клуб има 67 бодови, четири помалку од првопласираната Барселона.
Екипата на Реал Мадрид денес гостува кај Рајо Валјекано во натпреварот од 30-тото коло на Примера лигата.
„Ќе биде тежок натпревар. Рајо Валјекано е борбен, добро организиран тим, кој умее да го контролира натпреварот, така што ќе мора да играме како против Гранада“, додаде Анчелоти.

Најнови вести