Корисничко име Лозинка Пријави се
04.12.2015

Рено се враќа во Формула 1

Четирикратниот шампион во Формула 1, компанијата Рено, повторно се враќа во најбрзиот циркус на светот во конкуренција на конструкторите.

Францускиот гигант, кој со возачот Фернандо Алонсо во 2005 и 2006 година беше шампион, повторно се враќа по шестгодишната пауза.
Рено во меѓувреме беше партнер со Ред Бул кој пак доминираше од 2010 до 2013 година, но минатата година почнаа конфликтите поради немоќта против Мерцедес, што пак доведе до кулминација и раскинување на соработката изминатото лето, година дена пред истекот на договорот.
Французите местото во Ф1 ќе го добијат со преземање на Лотус, од кого ќе ги преземат и возачите Пастор Малдонадо од Венецуела и Џолион Палмер, дебитант од Велика Британија.
Шеф на тимот би требало да биде Фредерик Вазер, Французин кој беше на чело на АРТ тимот во ГП2 серијата.

Најнови вести