Корисничко име Лозинка Пријави се
27.10.2015

УЕФА ја одложи одлуката за Адеми

Дисциплинската комисија на УЕФА ја одложи одлуката за 16-ти ноември за казната на Аријан Адеми, играчот на Динамо од Загреб, поради позитивниот наод за допинг.

Македонскиот репрезентативец беше позитивен на двата примероци на тестот по натпреварот со Арсенал во Лигата на шампионите (2-1) на средината на септември.
На Адеми му се заканува огромна казна од две до четири години суспензија, но може да биде и поблага доколку успее да докаже дека во неговиот случај постојат олеснителни околности.
Сè додека трае дисциплинската постапка, клубот и играчот не смеат да изнесуваат никакви детали за случајот во јавноста, па така сè уште не е познато на која недозволена супстанција бил позитивен примерокот на Адеми, пренесува Хрватската новинска агенција.
Хрватскиот завод за токсикологија и антидопинг во својот допис од деветти октомври наведе дека, според новиот Светски антидопинг кодекс, пропишана санкција за прв прекршок е четиригодишна суспензија, а не двегодишна како што беше до оваа година.

Најнови вести