Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2015

Нов кикс на Аргентина без Меси, Бразил до првата победа

Ноќеска се одиграа четири натпревари од второто коло на јужноамериканските квалификации за Светското првенство, а во главните улоги беа Аргентина и Бразил.

Светскиот вицешампион повторно киксираше по поразот од Еквадор, овој пат одигра без голови на гостувањето кај Парагвај.
Аргентинците немаа решение без повредените Лионел Меси и Серхио Агуеро, иако Карлос Тевес имаше зицер на средината на првото полувреме. Во првиот дел од играта непрецизен беше и Лавеци, па по двете кола, „гаучосите“ имаат само еден бод.
Во следното коло екипата на Тата Мартино ќе го игра големото дерби на Јужна Америка против најголемиот ривал Бразил, кој по поразот од Чиле во првото коло, го имаше првиот триумф.
Селесао во Форталеза ја совлада Венецуела со 3-1, а јунак на Бразилците беше Вилијан, кој игра во животна форма. Играчот за врска на Челзи постигна два гола, во првата и во 42-рата минута, но Сантос на средината на вториот дел донесе неизвесност. Триумфот на Бразилците го завери Рикардо Оливеира во 74-тата минута.
Карлос Дунга направи неколку промени и му даде шанса на Филипе Луис, Маркињос и Оливеира, коишто ги заменија големите ѕвезди Марсел, Давид Луиз и Хулк.
Во преостанатите два натпревари, Уругвај на домашен терен беше убедлив против Колумбија (3-0) со головите на Годин, Ролан и Ернандес, додека Куардадо во финишот на натпреварот доби црвен картон.
Во натпреварот меѓу Перу и Чиле имаше вистинска голеада, а Чилеанците благодарение на феноменалниот напаѓачки дуел ја постигна и втората победа. „Црвените“ поведоа со погодокот на Алексис Санчес уште на стартот на средбата, но Џеферсон Фарфан им донесе пресврт на Перуанците, постигнувајќи два гола до 36-тата минута.
Куева на средината на првиот дел од играта доби директен црвен картон, а Чилеанците тоа го искористија уште до полувремето. Варгас изедначи во 41-вата минута, а три минути подоцна Алексис погоди за 3-2. Триумфот го завери Варгас во второто полувреме, додека Гереро успеа само да го ублажи во последните минути од натпреварот.

Најнови вести