Корисничко име Лозинка Пријави се
10.10.2015

Алардајс го наследи Адвокат на клупата на Сандерленд

Англискиот премиерлигаш Сандерленд го именуваше Сем Алардајс за нов менаџер, пренесоа англиските медиуми.

Алардајс на клупата на Сандерленд доаѓа на местото на Дик Адвокат кој после ремито со Вест хем минатиот викенд си поднесе оставка. Алардајс со новиот клуб потпишал двегодишен договор.
„Ова е нов голем предизвик во мојата кариера. Се надевам дека можам да донесам стабилност на клубот и резултатите кои сите ги сакаат“, изјави Алардајс.
Алардајс во сезоната 1980/81 настапуваше за Сандерленд, а сега е прв тренер во историјата кој претходно бил на клупата на најголемиот ривал на својот нов клуб, Њукасл.
Покрај Њукасл, Алардајс ги предводеше Вест хем, Блекбурн, Болтон, Нотс каунти и Блекпул.
Сандерленд во англиската Премиер лига по осум одиграни натпревари е на претпоследното место со три бода.

Најнови вести