Корисничко име Лозинка Пријави се
24.12.2016

Алардајс е новиот менаџер на Палас

Сем Алардајс, неодамнешниот селектор на Англија, ќе го замени Алан Пердју на клупата на Кристал палас.

Кристал палас го отпушти Пердју поради серијата лоши резултати на лондонскиот клуб, кој на почетокот на сезоната имаше високи амбиции, дури можеби да заигра во Европа. Но, реалноста е поинаква и ги очекува сериозна борба за опстанок.
Од друга страна, Сем Алардајс на клупата на Англија седна пред почетокот на квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година, но на неа остана само 67 дена, поради корупцискиот скандал во кој беше вмешан. Изгледа дека Големиот Сем, кој претходната сезона го спаси Сандерленд од испаѓање, повторно се враќа во Премиер лигата, повторно во мисија за спасување.
„Презадоволни сме што во толку краток рок пронајдовме решение и пресреќни сме што ни беше достапен тренер со квалитет и искуство како Сем“, изјави Стив Периш, претседателот на Кристал палас.

Најнови вести