Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2016

Вилшер може да си оди од Арсенал

Арсен Венгер сака до крајот на преодниот рок да го пушти Џек Вилшер.

Но, судејќи според сè, повремениот англиски репрезентативец не би требало трајно да си оди од Арсенал, туку најверојатно на едногодишен заем.
Играчот за врска во минатото имаше многу проблеми со повреди, што влијаеше и врз репрезентативниот статус, поради што новиот селектор Сем Алардајс не го повика за првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство против Словачка.
„Џек немаше доволно натпревари. Ако би играл секоја недела за Арсенал, секако дека ќе биде во тимот“, изјави Алардајс како образложение на тоа зошто не е повикан Вилшер.
Со доаѓањето на Елнени во јануари и Гранит Џака во овој преоден рок, се засили конкуренцијата на средината на теренот и на Вилшер единствена опција му е да ја промени средината. Засега најзаинтересирана да го позајми 24-годишниот играч за врска е Валенсија.

Најнови вести