Корисничко име Лозинка Пријави се
29.10.2014

Вест хем еден месец без Сако

Вест хем еден месец нема да може да смета на услугите на својот напаѓач Дијафра Сако.

Сенегалскиот напаѓач го повреди рамото во натпреварот против Манчестер сити, така што менаџерот на „чеканите“, Сем Алардај остана без ефикасниот напаѓач во наредните два натпревари.
Одличниот старт на сезоната за „чеканите“ го расипа веста за повредата на Сако, која дојде по добрата игра и победата над Сити од 2-1. Сенегалецот постигна седум голови во седум натпревари и беше блиску до нов договор со Вест хем.
Поради повредата на Сако, Сем Алардајс, менаџерот на „чеканите“, ќе има проблеми со тесниот избор на напаѓачите. Но, добра вест за Вест хем е фактот дека по двата наредни првенствени натпревари ќе настапи двонеделна пауза поради репрезентативните обврски во квалификациите. Таа пауза му оди во прилог на сенегалскиот напаѓач, кој ќе има време за да закрепне и негово враќање на теренот може да се очекува на средината на ноември.

Најнови вести