Корисничко име Лозинка Пријави се
19.2.2015

Нене потпиша за Вест хем

Искусниот Бразилец Андерсон Луис де Карвалјо,познат како Нене, е нов фудбалер на Вест хем.

Нене на „Аптон парк“ стигна како слободен играч, а доаѓа како замена за повредениот Енди Керол.
На Керол му е извршена операција на коленото, поради што ја заврши сезоната, па 33-годишниот Нене ќе биде нова надеж на Сем Алардајс во нападот.
„Горд сум што дојдов во голем клуб каков што е Вест хем. Неколку месеци размислував за враќање во европскиот фудбал. Сакам да ја покажам мојата техника, да изведувам слободни удари и да асистирам“, изјави Нене за клупската интернет-страница.
По 25 кола во Премиер лигата, Вест хем се наоѓа на осмото место на табелата, а на 13 натпревари пред крајот, има шанса за пласман во европските натпреварувања.
Нене во текот на кариерата играше за: Сантос, Мајорка, Алавес, Селта, Монако и на заем во Еспањол, а врвот го доживеа од 2010 до 2013 година, кога како крилен напаѓач на ПСЖ беше прв стрелец на Франција.
Во Англија стигна од Катар, каде што го раскина договорот со Ал-Гарафа.

Најнови вести