Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2015

Манџукиќ потпишува за Јувентус, Тевес си оди

Марио Манџукиќ, напаѓачот на фудбалската репрезентација на Хрватска, кариерата дефинитивно ќе ја продолжи во Јувентус, соопшти италијанскиот клуб.

Веста дека Манџукиќ допатувал во Торино ја потврди Јувентус преку официјалниот профил на „Твитер“, а покрај неговата слика на аеродром, објавен е и текстот: „Марио, добредојде!“
Сега веќе поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид во клубот ќе го замени Карлос Тевес, кој, најверојатно, се враќа во Бока јуниорс од Аргентина.
Манџукиќ денес ќе ги направи лекарските прегледи и ќе потпише тригодишен договор, со можност за продолжување на соработката на уште 12 месеци.
Вредноста на трансферот изнесува 18 милиони евра, пренесува „Кориере дело спорт“.
Манџукиќ минатата сезона на 42 натпревари за Атлетико постигна 20 голови во сите натпреварувања.
Тој во текот на кариерата играше за: Загреб, Динамо, Волфсбург и Баерн Минхен. За репрезентацијата на Хрватска одигра 60 натпревари и постигна 19 голови.

Најнови вести