Корисничко име Лозинка Пријави се
14.5.2015

Ништо од штрајкот во Шпанија

Најавениот штрајк на шпанските фудбалски лиги од страна на Фудбалскиот сојуз на Шпанија е суспендиран.

Врховниот суд на Шпанија пресудил дека штрајкот најавен за 16-ти мај не може да биде одржан, па сезоната во Примера лигата сепак ќе заврши навреме.
Фудбалскиот сојуз на Шпанија со штрајкот сакаше да издејствува поголем дел од парите од ТВ-правата, како и повеќе слобода во однос на Министерството за спорт. Сојузот се жали на честото мешање на Министерството за спорт, на националните спортски сојузи, како и промена на државниот секретар за спорт и на распределбата на парите.
Проблем во Шпанија во врска со ТВ-правата е тоа што најголемите клубови Реал Мадрид и Барселона добиваат многу поголем процент од парите во однос на останатите, за разлика, на пример, од Премиер лигата, каде што парите се делат врз основа на гледаност и успехот на клубовите во сезоната.
На две кола пред крајот на Примера лигата, Барселона има четири бодови повеќе од Реал, а шанса да ја освои титулата ќе има токму во Мадрид, во недела, во дерби-натпреварот со бранителот на титулата Атлетико.
Што се однесува до Сегунда лигата, Бетис е на чекор од враќање во елитата, по него следува Хирона на втората позиција која води директно, додека Спортинг Хихон, Валјадолид, Лас Палмас и Сарагоса се наоѓаат на местата кои носат бараж.

Најнови вести