Корисничко име Лозинка Пријави се
09.4.2015

Ван Перси подготвен за градското дерби

Робин ван Перси, напаѓачот на Манчестер јунајтед, закрепна од повредата и ќе биде подготвен за натпреварот против градскиот ривал Сити во Премиер лигата.

Холандскиот напаѓач поради повреда на глуждот, паузираше неполни два месеца, а последниот натпревар го одигра против Свонси, кога Јунајтед беше поразен со 2-1, на 21-ви февруари.
„Тренирав со екипата и сè беше во ред. Среќен сум што повторно сум подготвен и што ќе играм. Едвај чекам да истрчам на теренот“, изјави Ван Перси.
Ван Перси оваа сезона во сите натпреварувања постигна десет голови на 23 натпревари.
Дербито на Манчестер во 32-рото коло на Премиер лигата се игра во недела, на „Олд Трафорд, од 17 часот.
Јунајтед има еден бод повеќе од Сити и се наоѓа на третата позиција, која директно води во Лигата на шампионите.

Најнови вести