21.2.2015 Натпреварот Парма - Удинезе официјално одложен
Средбата од 24-тото коло на Серија А меѓу Парма и Удинезе е одложен поради тешката финансиска ситуација во која се наоѓа клубот од „Енио Тардини“.
Управата на Парма нема пари да го плати обезбедувањето, редарите и полицијата за овој натпревар.
„Требаше да тргнеме за Парма, но натпреварот е одложен. Кажано ни е дека нема да биде одигран во недела. Ситуацијата е таква во моментов и очекуваме понатамошни информации“, изјави директорот на Удинезе, Кристијано Џарета.
Парма се наоѓа во многу тешка ситуација, последна е на табелата, фудбалерите немаат примено плати, а новиот сопственик Џанпјетро Манети се обидува да го спаси клубот од банкрот.
Натпреварот требаше да биде одигран утре во 15 часот.