Корисничко име Лозинка Пријави се
06.1.2015

Подолски: Да станам легенда на Интер

Германскиот фудбалер Лукаш Подолски вчера официјално стигна на заем во Интер, а потоа изјави дека сака да стане легенда на „нераѕурите“.

Подолски во Интер дојде на заем од Арсенал, а иако во Милано стигна минатата недела, договорот е официјализиран кога почна преодниот рок во Италија.
Подолски во дресот на Интер би можело да има деби уште денес, кога „нераѕурите“ гостуваат кај Јувентус во Торино.
Дваесет и деветгодишниот Подолски од почетокот на сезоната не успеа да избори место во тимот на Арсенал, одигра шест натпревари и не постигна ниту еден гол.
Во редовите на клубот од Лондон стигна во 2012 година и досега настапи 82 пати и постигна 31 гол.
„Сега е официјално: станав дел од славниот и светски познат Интер. Благодарен сум на клубот што покажа доверба во мене, а јас ќе се потрудам да се оддолжам со добри игри. Посебно му благодарам на тренерот Манчини, кој се потруди да ме доведе во Интер... Се надевам дека ќе можам да станам уште една легенда на клубот, како што се: Роналдо, Хавиер Занети, Јирген Клинсман, Андреас Бреме, Лотар Матеус и многу други“, изјави Подолски.

Најнови вести