Корисничко име Лозинка Пријави се
30.12.2014

Венгер: Полди? Интер не е сериозен

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека Интер веројатно се шегувал кога изразил желба да го ангажира Лукаш Подолски, бидејќи тој сигурно останува во „топчиите“.

Подолски неколку пати изјави дека е незадоволен од фактот дека оваа сезона главно седи на клупата, а Роберто Манчини, тренерот на Интер, неодамна за италијанските медиуми изјави дека размислува да го доведе германскиот играч.
Венгер денес изјави дека Подолски нема да го напушти клубот.
„Тоа мора да е некоја шега, Интер не е сериозен“, изјави Венгер на конференција за медиумите.
Подолски во наредните седмици веројатно ќе има шанса почесто да игра, бидејќи Оливие Жиру е суспендиран на три натпревари, а Дени Велбек се повреди во неделната победа над Вест хем со 2-1.
„Подолски е фудбалер на Арсенал и сакам тоа и да остане“, изјави Венгер, чиј тим во четврток гостува кај Саутхемптон во Премиер лигата.

Најнови вести