Корисничко име Лозинка Пријави се
25.12.2014

Лукаш Подолски блиску до Интер

Фудбалскиот клуб Интер наводно постигнал договор со Арсенал за трансфер на германскиот репрезентативец Лукаш Подолски.

Интер последните седмици бараше засилување во нападот, а најмногу се шпекулираше за трансфер на Алесио Черчи од Атлетико Мадрид.
Но, „нераѕурите“ вчера целото внимание го насочија кон Подолски, кој е заинтересиран да оди на заем во Милано.
Според пишувањата на „Кориере дело спорт“, постигнат е договор Германецот да оди на заем во Интер без никаков надоместок. Останува само да се разјаснат деталите дали клаузулата од неговиот договор тој да биде откупен кога ќе заврши заемот ќе биде задолжителна или не.
Во случај тоа да биде задолжително, Интер е подготвен за германскиот репрезентативец да плати седум милиони евра.


Најнови вести