Корисничко име Лозинка Пријави се
16.10.2014

Подолски: Нема криза во репрезентацијата

Лукаш Подолски, фудбалерот на Германија, изјави дека нема криза во националниот тим и покрај тоа што светскиот шампион лошо ги почна квалификациите за ЕВРО 2016.

„Факт е дека медиумите сакаат да истакнат дека постои криза... Не беше наша желба да освоиме само еден бод во два натпревари. Играа многу играчи коишто играа на Светското првенство... Па, можеби тоа е само лоша среќа“, изјави Подолски за германските медиуми.
Германија квалификациите за Европското првенство ги почна со победа над Шкотска од 2-1, но потоа изгуби од Полска со 2-0, а во третото коло одигра нерешено 1-1 со Република Ирска.
Репрезентацијата на Германија моментно е трета на табелата на групата Д со четири освоени бодови. Прва на табелата е Полска со седум бодови, колку што има и второпласираната Република Ирска.

Најнови вести