Корисничко име Лозинка Пријави се
10.10.2014

Италија без Мота и Освалдо против Азербејџан

Италијанските репрезентативци Тијаго Мота и Пабло Освалдо поради повреди се повлекоа од државниот тим за претстојните натпревари против Азербејџан и против Малта.

Фудбалскиот сојуз на Италија соопшти дека Тијаго Мота, фудбалерот за врска на ПСЖ, има проблеми со тетивата, а Пабло Освалдо, напаѓачот на Интер, го повреди адукторот.
Антонио Конте, селекторот на Италија, има многу проблеми со составувањето на тимот бидејќи покрај Мота и Освалдо, не може да смета ниту на Џакомо Бонавентура, фудбалерот на Милан, кој има проблеми со повредата на бутот.
Во тимот на „аѕурите“ нема да биде ниту Даниеле Руџани од Емполи, кој ќе настапи за младата репрезентација во баражот за Европското првенство 2015 година во Чешка.
Поради бројните проблеми со повреди, во тимот на Италија се врати Андреа Пирло.
Репрезентацијата на Италија во квалификациите за Европското првенство 2016 година во Франција во групата Х вечерва од 20.45 часот во Палермо ќе игра против Азербејџан, а по четири дена во тој термин ќе гостува кај Малта.


Најнови вести