06.9.2014 Стојановиќ на клупата на Лирс
Поранешниот тренер на Црвена звезда, Славиша Стојановиќ, го презема белгискиот прволигаш Лирс, соопшти клубот.
Стојановиќ минатата сезона со „црвено-белите“ ја освои шампионската титула во Србија по шест години, но не остана на „Маракана“.
Во Лирс ќе ја има улогата на спасител зошто клубот после шест кола е на последното место на белгискиот шампионат со 4 бода.
Стојановиќ дебито во новиот клуб ќе го има следната сабота против Андерлехт.