Корисничко име Лозинка Пријави се
14.7.2014

13 фудбалери го напуштаат Атлетико Мадрид

Шампионот на Шпанија, Атлетико Мадрид, во овој преоден рок ќе остане без 13 фудбалери кои играа за клубот минатата сезона.

Клубот веќе го напуштија Тибо Куртоа, Дани Аранзувија, Тијаго, Оливер Торес, Хозе Соса, Диего Рибас, Адријан Лопес, Давид Вилја и Диего Коста.
Се очекува вицешампионот на Европа да остане и без Филипе Луис, Кристијан Родригес, Лео Баптистао и Џошуа Гвалавоги.
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоно, сакаше да ги задржи Куртоа, Тијаго и Коста, но сепак ќе мора да бара нови засилувања.

Најнови вести